Горан Бреговиќ, е тешко повреден при пад од терасата на својата куќа на белградски Сењак. Според неофицијални информации, познатиот музичар паднал кога од терасата се обидувал да бере вишни.
Бреговиќ е префрлен во болница во Белград. Според првичните информации има повреди на долниот дел од карлицата и на десната рака. Свесен е и може да ги движи екстремитетите, што според лекарите е охрабрувачки во дадената ситуација. Сепак, конечната дијагноза за неговата здравствена состојба ќе биде позната утре.
ohridnews