На 02.09.2024 во 09.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул. „7 Ноември“ во Охрид, патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 77-годишно лице од Охрид, удрило во 75-годишен пешак од Република Хрватска.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews