И по еден месец од отпочнување на градежните работи се’ уште не е завршена санацијата на опасното свлечиште  крај магистралниот пат Охрид – Скопје, во близина на с. Ботун.




Со тешка механизација екипи на Македонија пат од октомври интензивно работат на опасниот рид, кој во минатото предизвикуваше чести одрони на магистралата.



Состојбата и натаму целосно не е санирана иако се најавуваше дека интервенцијата нема да трае предолго. Поради ситуацијата на теренот сообраќајот на критичниот дел од магистралата до доцните попладневни часови вчера се одвиваше со застои и преку алтернативен пат.



Поради работите на и околу патот на возачите им се препорачува крајно внимателно возење на овој дел од магистралата.

Ohridnews