Утрово во Општата болнива во Струга починало четиригодишно деке. Случајот бил пријавен во полицијата утрово во 09:50 часот.

Според првичните информации, детето било донесено во болница во тешка здравствена состојба. Имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри. И покрај укажаната лекарска помош тоа починало, пренесува порталот „МКД“.

Извршен бил увид од страна на јавен обвинител, а телото на починатот дете е предадено на семејството.

OhridNews