Фудбалерите на Падерборн како и сите други кои играат во Бундес лигата под посебна програма и апликација тренираат во домашни услови. Тренинзите на Падерборн немаше да бидат во фокусот на јавноста ако не беше фитнес инструкторката Памела Раиф.
Под палката на Памела Раиф, фудбалерите на Падерборн даваат максимум и тренираат напорно како никогаш до сега. Пофалби фитнес инструкторката доби од сите фудбалери, вклучувајќи го и стручниот штаб.
Тренинзите се тешки, но таа ни дава мотив бидејќи е голем професионалец и сака успеси. Нам ни треба поддршка затоа што работите на резултатски план не се какви што посакуваме. – изјавија фудбалерите.
Памела Раиф е една од најпопуларните фитнес инструкторки на социјалните мрежи и секојдневно објавува видеа и слики од тренинзите.
OhridNews