Тешки повреди и изгореници, се причините за загинувањето на сите девет лица во хеликоптерската несреќа во која почина и популарниот НБА кошаркар, Коби Брајант.
Извештајот од обдукцијата која е напишана на 180 страни открива дека сите починале на лице место и немало ниту најмала шанса некој од патници да се спаси.
Во извештајот посветен за пилотот стои дека тој во крва немал алкохол и дрога.
Причините за хеликоптерската несреќа се уште не се утврдени.
Во хеликоптерот кој се сруши на 26 јануари оваа година покрај Коби Брајант се наоѓаа неговата ќерка Џана, пилотот и уште шест други лица кои немаа среќа да стигнат на кошаркарскиот натпревар во колеџот од легендарниот кошаркар.
OhridNews