Ракометниот клуб Охрид ги избегна Вардар и Металург, но ги доби Пелистер и лидерот во Првата лига, Бутел во 1/4 финалната група во Купот на Македонија. Првата пречка за охриѓани ќе биде Бутел, а победникот од овој дуел ќе ги одмери силите со подобриот од Делчево Вардар – Пелистер.
Охридските ракометари две години во серија беа дел од Ф4 во Купот на Македонија, но годинава ќе имаат екстра тешка задача, бидејќи добија квалитетни и атрактивни противници .
„Гладијаторите“ двете учества на Ф4 ги изборија на домашен терен и со улога на носител, но, сезонава не завршија во самиот врв од Супер лигата и ја загубија позицијата на носител, а Бутел ја презеде обврската да биде организиратор.
Meчевите од 1/4 финалето се играат 21 и 22 април.
Четвртфинални групи за националниот ракометен куп:
Група 1 – домаќин Вардар
Металург 2 – Вардар
Борец – Металург јуниор
Група 2 – домаќин Еурофарм Работник
Струга – Радовиш
Прилеп – Еурофарм Работник
Група 3 – домаќин Бутел Скопје
Бутел – Охрид
Делчево Вардар – Пелистер
Група 4 – домаќин Металург
Металург – Вардар јуниор
Пролет – Вардар Неготино
OhridNews