Македонските интернационалци во Лигата на Шампиони, Агим Ибраими, Горан Попов и Дарко Тасевски добија тешки противници.

Ибраими кој е во одлична форма за пласман во групната фаза ќе ги одмери силите со Динамо Загреб. Првиот меч помеѓу Марибор и Динамо Загреб се игра на Максимир додека реваншот седум дена подоцна. “Везистот“ Тасевски со Хапоел Киријат Шмона ќе се сретне со тимот кој го елиминираше Вардар, Бате Борисов.

Стандардниот македонски репрезентативец Горан Попов и неговиот Динамо Киев за противник го добија бундеслигашот Борусија Менхенгладбах.

Мх.П.