Пратеникот Рубин Земон денес одржа прес конференција во Собранието, на која ја обвини опозициската ВМРО- ДПМНЕ дека со преку 200 амандмани сака да го скрие мега корупцискиот скандал и организиран криминал во охридскиот универзитет „Св. Апостол Павле“. Овие јалови обиди  се дел на тековната стратегија на ВМРО- ДПМНЕ да се попречи расчистувањето со криминалот за време на нивниот режим, рече пратеникот од Охрид Земон.

Со овој потег на ВМРО-ДПМНЕ да го блокираат донесувањето на предлог Законот за Универзитетот Св. Апостол Павле преку 200-тина небулозни амадмани, на текстот од Законот што претходно беше усогласен, врз основа на добиена директива во „5 до 12“, тие застанаа на страната да го бранат и кријат криминалот, застана против развојот на Охрид во респектабилен универзитетски град, застанаа против одржливата заштита на животната средина, како и против унапредувањето на заштитата на културното наследство. –  изјави  Рубин Земон.

На 31 јануари се одржа јавна расправа во Собранието за изменување и дополнување на Законот за основање на овој Универезитет. Земон истакна дека текстот на законот бил усогласен со ВМРО ДПМНЕ и дека истиот е неопходен бидејќи предивидува во охридскиот унивезитет да се основаат потребните единици за да се исполнат законски услови за законско функционирање на еден универзитет, меѓу кои покрај Факултетот за информатички науки и технологии, да се осниваат уште Факултет за заштита на животната средина, Факултет за општетсвени и хуманистички науки, Факултет за применети уметности и Иниститут за напредни истражувања за управување со животната средина и културното наследство.

На јавната расправа угледни стручни и компететни лица се признесоа дека ваквиот предлог закон е повеќе е неопходен за да се спаси Универзитетот, како и тоа дека отварањето на вакви нови студии се неопходни за Охрид и југозападниот регион, имајќи ги предвид и забелешките на УНЕСКО но и развојот на економијата и туризмот. Предлог Законот е квалитетен соодветен одржлив одговор на забелешките на УНЕСКО, кон заштитата на природното и културното светско добро на Охридскиот регион. – истакна Земон.

 

Тој објасни дека постои опасност за затворање на Универзитетот во Охрид поради тоа што според Законот за високо образование, бројот на вработени доктори на науки по информатика е далеку под бројот за функционирање на факултетиските единици по информатички науки, голем број на ангажирани професори се со ненострифицирани дипломи, меѓу кои и, како што рече, „т.н. ректор кој скоро 9 години ректорува без соодветна нострифицирана диплома за завршени докторски студии.“ Поради ваквата неодржлива состојба универзитетот нема законски основи да добие реакредитација за работа. – додаде тој.

Пратеникот Земон ги повика Јавното обвинителство, како и Антрикорупциската комисија, но и сите овластени државни органи ургентно и соодветно да го процесуираат, како што рече: „овој мега скандал, што ги надминува академските рамки“.

Претседателката на собраниската Комисија за образование, наука и спорт и пратеник од Охрид од редовите на владејачката СДСМ, Жаклина Лазаревска, која ја водеше јавната расправа за Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитетот за информатички науки и технологии св. Апостол Павле,  исто така го впери прстот во опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Појдовна основа за законските измени и дополнувања што се предлагаат се потребата од усогласување на работата на Универзитетот со новите решенија во Законот за високото образоание и основање на универзитет кој ќе може да одговори на современите предизвици на високото образование во земјата, во регионот и пошироко. Во овој контекст, неподелениот став на сите дискутанти во првото читање на законот дека градот Охрид заслужува да биде универзитетски град, не само заради Светиклиментовата традиција, туку и заради традиционалното квалитетно образование што го има Градот. Ние нашето го сторивме но колегите од опозицијата очигледно сакаа да го блокираат законот со поднесување над 200 несуштински амандмани.  – вели Лазаревска.

Студентското Собрание при Универзитетот за информатички науки и техниологии „Св. Апостол Павле“ Охрид, на почетокот од декември изрази несогласување со Предлог-законот за измена и транформација на оваа високообразовна установа којшто беше доставен до Собранието од осуммина пратеници. На 6 декември студентите одржаа и мирен протест на кој изразија загриженост за нивната иднина. Најгласни во негодувањето се студентите од завршната година на Факултетот за компјутерско инженерство, кој треба да се трансформира во Факултет за применета информатика и дигитална хуманистика.

Ако Охрид е град на УНЕСКО не значи дека сите треба да студираме животна средина. Постојат други високо образовни установи. Ако треба реформи нека застанат со нас студентите, професорите, ректорот, не бегаме ние од средба. – порачаа тогаш студентите.

Токму на нивно барање во петокот се одржа јавна расправа за Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитетот за информатички науки и технологии св. Апостол Павле, на која и претходеа меѓупартиски усогласувања на предлог текстот на Законот.

Непосредно пред одржувањето на јавната расправа, пак, ВМРО ДПМНЕ од Охрид ја обвини власта на СДСМ дека создава правна несигурност и страв за сопствената иднина кај вработените и студентите кои не прифаќаат трансформација на Универзитетот за информатички науки и технологии.

Кога имаме компјутеризација и дигитализација замислете СДСМ предлага да се укинат постоечките факултети за компјутерска наука и инжинерство. – истакна портпаролот на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид Перчо Божиновски.

ВМРО-ДПМНЕ тогаш најави дека треба најпрвин да се слушнат забелешките на студентите и професорите и дека ставот по ова жешко прашање ќе го изгради по одржување на јавната расправа.

Г.М.