Кошаркаската репрезентација на Македонија за противници во групната фаза од Европското првенство во Словенија ги доби селекциите на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Летонија и Литванија.


Европското првенство “црвено жолтите“ го започнуваат со Црна Гора, селекција која ја порази Македонија пред две години на ЕП во Литванија. Потоа следува дуелот со Литванија, кој сигурно ќе ги разбуди емоциите на сите македонци. Во трета рунда е соседското дерби со Србија.  Во претпоследниот и последнаиот натпревар од групата Македонија ќе се сретне со Бих односно Летонија.

– Групата е тешка, но противниците се познати. Македонија до историското четврто место ја совлада Литванија додека во групната фаза беше со БиХ и Црна Гора. Со Летонија македонските кошаркари претрпеа пораз на континенталниот собир во 2009 година. Македонија никогаш се нема сретнато со Србија, но сепак противникот ние е познат – посочи тренерот на охридскот клуб Лихнидос, Весна Балазоска.


На ЕП во Литванија на чело со Марин Докузовски македонската селекција ја красеше дисциплината, другарството како и борбата до последната капка крв за националниот дрес. Тоа не беше случај на предолимписките квалификации во Венецуела, каде во целост потфрли македонскиот колектив.


– Во спортот најтешко е да го повториш успехот. Тешко дека тројката на Илиевски ќе донесе победа втор или трет пат или хемијата која владеше во националниот состав. Треба макотрпно да се работи за да се множат ваквите успеси. Има долг период до септември 2013 година за кога е закажано ЕП во Словенија, македонската селекција да се консолидира, со нов и добар тренер да се подобри а не да се повтори успехот – заврши Балазоска.

Михаил Постоловски