Бразилската супер ѕвезда Нејмар на носилки беше изнесен од теренот во финишот од дерби средбата помеѓу Пари Сент Жермен и Лион. Нејмар беше жртва на груб старт на Тијаго Мендес кој доби црвен картон.

Нејмар лежејќи на теренот плачеше од болка и најверојатно се работи за потешка повреда на глуждот. Сепак, од ПСЖ одбија да даваат информации се до деталните прегледи, кои ќе покажат за каква повреда точно се работи.

ПСЖ ги изгуби бодовите, претрпувајќи минимален пораз 0-1, но ако повредата се покаже тешка, паузата на Нејмар ќе биде поголем проблем отколку поразот за „светците“.

Лил и Лион со 29 бодови ја делат првата позиција на табелата во француската Прва лига, а ПСЖ со бод помалку се наоѓа на третата позиција.

OhridNews