Една од најдобрите млади фудбалерки во Македонија, Симона Крстаноска успешно се опоравува од тешката повреда на лигаментите на левото колено. Охриѓанката на спортско рекреативниот центар „Билијанини Извори“ започна со фитнес вежби со што влезе во последната фаза од рехабилитацијата.
– Успеав да се опоравам пред се психички по тешката повредата која до сега ме оддалечи цели шест месеци од теренот. Силната желбата и големата волја беа пресудни фактори за моето враќање. Сакам од се срце да им се заблагодарам на сите мои соиграчки и пријатели кои несебично ме подржуваа овие шест пеколни месеци. – рече Крстаноска.
Таа не ја криешата својата среќа што може пак да трча и да се подготвува за предизвиците кои престојат на фудбалските терени. – Сега кога почнав да тренирам е многу подруго бидејќи се надѕира моето враќање на теренот. Денот ми е исполнат и со нетрпение чекам да дојде другиот тренинг. Се додека не се повредив не знаев деке еден толку многу ќе ми недостига фудбалот. – додаде Крстаноска.
Охриѓанката ги има минато сите репрезентативни категории, а до повредата беше дел и од А селекцијата. Таа моментално е член на битолскиот клуб Конзули, а зимита беше дел од тимот на Спартак од Суботица.
– Плановите мои остануваат исти без разлика на повредата која ми се случи во најважните од мојата кариера. Да се вратам и да бидам стандардна во А селекцијата и пак да ја пробам мојата среќа во некој клуб надвор од македонските граници. – заврши Крстаноска.
Охриѓанката под посебна физиотерепевтска програма го продолжува рехабилитазациониот процес кој е еден од најзначајните сегменти во опоравувањето од ваквите повреди.
Михаил Постоловски