Најмалку две лица загинаа во тешка железничка несреќа во близина на Милано, уште десетмина се сериозно повредени, а повеќе од 100 патници претрпеле помали повреди.

Според информациите од локалните медиуми, причината за несреќата е изетување на возот од шините, а кон местото на несреќата се упатени повеќе возила на Итната помош. Некои медиуми објавија и податоци според кои неколку патници се заробени во згмечените вагони, а нивното спасување е во тек.

Портпаролот на железничката компанија „Феровие дело Стато“ , потврдил дека несреќата се случила во Пиолтело, на околу 40 километри од Милано.