Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во 00.40 часот на крстосницата помеѓу ул. „Асном“ со ул. „Партизанска“ во Охрид.

Како што соопшти МВР, во сообраќајката учествувале патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 24-годишен охриѓанец и мопед „априлија“, управуван од 18-годишно лице од Охрид, кој после тоа удрил во паркирано патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопшти МВР.

На местото на несреќата извршен бил увид од екипа на СВР Охрид.

OhridNews