Најмалку 42 лица загинаа во директен судар на камион и автобус на југоистокот на Франција во Лилбурн, во областа Жиронд. Во несреќата, според најновите податоци има осум преживеани, од кои пет се полесно повредени. Жртвите се патници на автобусот и возачите на камионот и на автобусот. Двете возила се запалиле веднаш по сударот.

Патниците на автобусот се сите од иста општина, пензионери кои оделе на патување. Спасувачките екипи се на терен.Ова е најтешката сообраќајна несреќа во последните 30 години во Франција.

OhridNews