Според информациите од СВР Охрид, во несреќата директно се судриле патничкото моторно возило BMW со италијански регистарски ознаки кое се движело од Кичево кон Гостивар и патничко
моторно возило Опел –Корса со македонски регистарски таблички кое се движело во правецот од Гостивар кон Кичево. Од силината на ударот двете возила излетале надвор од патот.
На лице место починаа возачот на корсата Горан С. (44),сопатничката Весна С.(42) а нешто подоцна во Ургентниот центар во Скопје и втората сопатничка Е.С. (13) сите од Кичево. Во незгодата, со телесни повреди се здобил возачот на BMW-то, А.А. (19) од селото Зајас. Истиот се наоѓа во Ургентниот ценатр во Скопје.-соопшти СВР Охрид.
Увид на местото на несреќата изврши сообраќајната полиција, истражен судија и заменик јавен обвинител.