Незгодата се случила во моментот кога, сега починатиот Роберт, управувајќи патничко моторно возило марка ,,Рено-Лагуна“ со охридски регистарски ознаки, движејќи се кон Охрид, на критичното место изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот на десната страна по што со левата бочна страна од возилото удрил во електричен столб каде дошло до заглавување на возилото.
На лице место, извршен е увид од страна на дежурен Истражен судија од Основниот суд во Охрид и увидна екипа од СВР Охрид, поради што во времето од 20 часот до 22 часот и 45 минути, сообраќајот беше пренасочен и физички регулиран по коловозната лента наменета за движење на возила од спротивен правец од влез во хотел ,,Парк“, до влез во населбата ,,Рача“, соопшти полицијата.
На 5-ти јуни годинава на истото место од спротивната страна на коловозот во слична сообраќајна несреќа животот го загуби 21-годишно момче од Охрид