Едно лице го загуби животот, а две се повредени во сообраќајната несреќа што денеска се случи на магистралниот пат Кичево – Скопје, помеѓу рудникот Тајмиште и планинскиот превој Стража. Во несреќата учествувале три патнички возила:, при што на лице место го загубил  Енвер Џемаили (1962) од с, Врбјани (Маврови Анови) со постојано место на живеење во Гостивар.

Според првичните сознанија од увидот, незгодата се случила во моментот кога, лицето  Ф.Р. роден 1959 година од селото Зајас, управувајки патничко моторно возило марка „Сеат Кордоба“ со скопски регистарски таблици, во правец од превојот Стража кон Кичево, извршил престигнување на полна линија. Притоа, тој со левата страна од возилото удрил во левата страна од патничко моторно возило марка „Опел Астра“ со кое, во правец од Кичево кон Стража, управувал сега починатиот Џемаили,  а во кое имало уште четири сопатници меѓу кои и две малолетни лица. Од ударот, возилото „Опел Астра“ излетало од патот удирајќи притоа во патничкото моторно возило марка „Форд Мондео“ со Австриски регистарски таблици управувано од Н.Р. роден 1947 година од селото Трново-Гостивар. И ова возило во кое имало еден сопатник, се движело во правец од Кичево кон превојот Стража. Сопатниците во овие две возила се здобиле со полесни телесни повреди.

На лице место, извршен е увид од страна на дежурен Истражен судија и заменик Јавен Обвинител од Основниот суд во Кичево и увидна екипа од ПС Кичево, поради што, сообраќајот на овој патен правец беше привремено запрен, соопшти СВР Охрид.   

Ohridnews