Утрово во 04 часот и 05 минути, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум на клучката кај х.Парк, се случи тешка сообраќајна незгода во која животот  го загуби лицето Филип К . роден 1989 година во Охрид, а на привремена работа во Швајцарија. Притоа, со тешки телесни повреди се здобило лицето И.К. роден 1986 година од Охрид кој по укажаната лекарска помош во Општата болница во Охрид, е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, соопшти СВР Охрид.

Како што информираше полицијата, до незгодата дошло кога сега покојниот Ф.К. изгубил контрола над возилото кое го управувал марка Ауди со Швајцарски регистарски ознаки и удрил во метален еластичен браник по што излетал надвор од коловозот.

По овластување на дежурен Истражен судија при Основниот суд во Охрид, увид на лице место направија екипи на СВР Охрид.

извор: СВР Охрид