За време на новогодишната ноќ во Охрид полицијата регистрирала едно нарушување на јавниот ред и мир и една сообраќајна незгода.

На ден 31.12.2009 година, во 17 часот, на ул.„Егејска“ 6 лица започнале со оштетување односно кршење на бетонските ивичници на тротоарот.При интервенција на полициските службеници, еден од нив започнал вербално да ги навредува униформираните полициски службеници по што се обидел и физички да ги нападне. Истиот веднаш е приведен во СВР Охрид.

На ден 01.01.2010 во 04 часот и 20 минути, во близина на бензиската станица „Петрол“ на магистралниот пат Охрид-Кичево, случна е сообраќајна незгода во која учествувало едно патничко моторно возило марка „Рено“ со охридски регистарски таблици. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото Н.А. роден 1981 година и совочацот И.Р. роден 1978 година и двајцата од Охрид.

Незгодата се случила во момент кога возачот управувајќи го возилото кон излез од Охрид, изгубил контрола,удрил во сообраќаен знак по што возилото со голема брзина се превртело надвор од патот. Повредените лица од превртеното возило се пренесени во специјалната болница „Св.Еразмо“ односно во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност.

Увид на лице место е извршен од страна на дежурен истражен судија и екпа на СВР Охрид.