Едно лице од Скопје го загубило животот во директен судир на две возила на магистралниот пат Охрид Скопје кај с. Мешеишта, соопшти МВР.
Во судирот што се слуишил утрово во 06,25 часот учествувале ПМВ „Опел Корса“ со скопски регистерски таблички управувано од А.Б.(1985) од Скопје и ПМВ „Хонда Цивик“ со скопски регистерски таблички управувано од Душко Ч. (1982) од Скопје. На лице место животот го загубил возачот на ПМВ „Хонда“, а со тешки телесни повреди се здобиле сопатничката од истото возило А.К.(1987) од Скопје, како и возачот на ПМВ „Опел Корса“, кои се пренесени на лекување во болницата „Св.Еразмо“ –Охрид. На лице местото во присуство на Истражен судија и Заменикј јавен обвинител, увид изврши екипа од СВР Охрид.
Новогодишната ноќ во Охрид како и во другите градови во земјава помина релативно мирно без поголеми инциденти, информираше министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која денеска ја посети Полициската станица за гранично обезбедување во Охрид.
Во поголемите градови практично и да немаше поголеми инциденти, рече Јанкуловска. „Регистрирани се неколку случаи на лесни повреди од употреба на пиротехнички средства, на територијата на град Скопје две лица се здобиле со повреди од заскитан куршум, а СВР Охрид утрово во 6:30 ч. регистрираше тешка сообраќајна несреќа со трагични последици“, изјави Јанкуловска.
Министерката Јанкуловска во посета на Езерската полиција во Охрид
Министерката Јанкуловска информираше дека состојбата на сите граници е редовна и не се регистрирани инциденти. Јанкуловска денеска им ги честиташе новогодишните празници на припадниците на граничната полиција во Охрид.
Г. Момироски