Три лица, државјани на Србија загинаа утрово во сообраќајна несреќа, близу граничниот премин Богородица кај Гевгелија.

Според информациите од полицијата сообраќајката се случила утрово околу 7 часот, а во тешката сообраќајна несреќа учествувале две возила, при што едното патничко возило го избегнало ударот и се забило во метален столб за вертикална сигнализација. Од силината на ударот и настанатите повреди, тројцата српски државјани починале на самото место.

Надлежен од Основното јавно обвинителство од Гевгелија, веднаш извршил увид на местото на несреќата. Се прибираат информации и податоци за да се утврдат точните детали за сообраќајката, која предизвика и застој на граничниот премин Богородица.

OhridNews