Две лица се потешко повредени во судир на патничко возило „лада нива“ и товарно возило што денеска околу 12.15 часот се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на селото Ботун. Според информациите со кои располага СВР Охрид, повредените веднаш биле пренесени во специјалната болница за ортопедија и трауматологија  „Св. Еразмо“ во Охрид. Тие биле вон животна опасност, а поради тежината на повредите врз едниот од нив е извршена хируршка интервенција.

На местото на несреќата увид вршат екипи на полицијата и истражен судија, поради што сообраќајот на патниот правец Охрид – Кичево кај Ботун  ќе биде во прекин 2 часа, информираат од СВР Охрид.

Ohridnews