Претпладнево на патот Охрид-Кичево, кај селото Оровник случена е тешка сообраќајна незгода во која учествувале товарно возило кое пренесувало дрва и патничко моторно возило. И двете завршиле покрај коловозот, а патничкото возило се превртело на кров.

Од СВР Охрид, информираат дека во незгодата повредени се возачите од двете возила кои се пренесени во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.

Во тек е увид на местото, се очекуваат повеќе информации.

OhridNews