Автомобил со струшки регистарски таблички од засега непознати причини, вечерва предизвикал тешка  сообраќајна несреќа на улицата „Железничка“ во Охрид, во која како што дознаваме повредени се две лица, пешаци.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, за OhridNews ја потврди информацијата за немилиот настан, но повеќе информации за истиот најави во текот на утрешниот ден.

Повредените лица се хоспитализирани, а на местото на нaстанот извршен е увид, кој треба да ги утврди причините за несреќата.

OhridNews