Тешка сообраќајна несреќа се случи претпладнево на магистралниот пат Кичево – Скопје на планинскиот премин Стража. Од засега непознати причини дошло до директен судар на Ауди А6 со скопски регистарски таблички и Голф 3 со кичевски регистрации.
Според очевидци во аудито нема повредени, додека со тешки телесни повреди се здобил возачот на голфот кој бил извлечен со помош на пожарникари и со брза помош е транспортиран во болница.
Поради незгодата сообраќајот на овој патен правец е во застој, а од двете страни на превојот Стража има километарски колони.
OhridNews