Рано утрово кај Славонски Брод, Република Хрватска, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле најмалку 10 луѓе, пренесуваат хрватските медиуми.
Како што информира тамошната полиција, од засега непознати причини дошло до излетување на автобус со косовски регистарски ознаки на автопатот А3 кај Славонски Брод.
Според првичните информации од теренот, во несреќата има голем повредени. Во болница биле примени 45 патници, од кои 8 потешко повредени.
Засега нема информации од кои земји се загинатите и повредени патници.
Поради тешаката несреќа, сообраѓајот на овој дел од автопатот е во прекин, а возилата се пренасочуваат по споредни патишта.
OhridNews