На магистралниот пат Охрид – Кичево, околу 18 часот се случи уште една тешка сообраќајна несреќа. Информацијата за OhridNews ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, кој информира дека од засега непознати причини дошло до судар на две возила во близина на селото Арбиново, Општина Дебрца.

На местото на несреќата во тек е увид, а повеќе информации полицијата се очекува да соопшти подоцна.

Очевидци велат дека глетката на местото на настанот е страотна. Едно од возилата е опожарено, а сообраќајот во прекин.

Од 2014 година на овој потег во тек се градежни работи за изградба на автопат од Охрид до Кичево. Но, делницата долга 57 километри се уште е далеку од модерна и безбедна сообраќајница. Постојната патна инфраструктура на магистралата е во лоша состојба и недоволно обезбедена, што заедно со човечкиот фактор се причина за  сообраќајните незгоди на овој патен правец.

Г.М.