Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај селото Горенци. Според првичните неофицијални информации од увидот, во несреќата има жртва.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски ја потврди информацијата. Во тек е увид a сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Повеќе информации се очекуваат подоцна.
Ова е втора сообраќајна несреќа во Охридско струшкиот регион со жртва за два дена. Во судар на автомобил и автобус вчера кај Мислешево загина едно лице.
OhridNews