Две патнички возила се судриле попладнево на автопатот во изградба Охрид- Кичево, кај аерордомот “Св. Апостол Павле”.
Како што дознаваме, во незгодата повредени се две лица од охридско, маж и жена.
Мажот е препратен на лекување во Општата болница во Охрид, додека на жената и е укажана лекарска помош во Специјализираната болница “Св. Еразмо” од каде, според најавите, треба да биде префрена на скопските клиники.
Денешниот немил настан е последен во низата незгоди на овој патен правец кај охридскиот аеродром, што само ги потврдува мислењата на охриѓани кои долго време гласно реагираат дека оваа сообраќајна делница и изведените инфраструктурни решенија за исклучување и причлучување на патот во изградба, се крајно небезбедни.
Редакцијата на Охридњуз за повеќе информации се обрати до СВР Охрид. Штом ги добиеме ќе бидат споделени со јавноста.
Г.М.