Над 60 лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа меѓу два автобуси и камион во округот Телеорман во јужна Романија. Активиран е таканаречениот план за црвена интервенција, пренесува Аџерпрес.
Сообраќајната несреќа се случила утринава на Е70, меѓу градовите Бујорени и Прунару. Досега во болница се пренесени четири лица.
На терен се оперативни екипи со две противпожарни возила, две камиони, осум екипи на Мобилната служба за итни случаи за реанимација и вадење луѓе (СМУРД) и 14 возила на брза помош. За поддршка на силите се побарани два хеликоптери СМУРД.
Надлежните побараа помош и на локално ниво – од Ѓургево: Обидете се да спасите што повеќе луѓе, пренесува БТА.
Автомобилскиот сообраќај во реонот на несреќата е блокиран. Интервенцијата за гаснење на пожарот предизвикан од камионот продолжува.
OhridNews
фото. МИА