Сообраќајна несреќа се случи вечерва на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на селото Мешеишта.
Според очевидци, од засега неутврдени причини дошло до судар на две патнички возила со струшки регистарски таблички.
Оштетувањата на возилата се големи поради што морала да интервенира и противпожарната единица од Охрид. Неколку лица се пренесени во болница, но засега нема информации за карактерот на повредите и нивната здравствена состојба.
На местото на несреќата во тек е увид кој го врши сообраќајната полиција.
Г.М./Н.С.Ј.