Вчера во 18.30 часот, на магистралниот пат Охрид – Ресен, во атарот на селото Свињишта, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „Триумф“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од 48-годишно лице од Ресен и патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистраски ознаки, управувано од 49-годишен жител Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews