Капитенот на ЖКК Колибри, Весна Балазоска беше тешко повредна во финишот на првенествениот натпревар одигран во Скопје против Пантери.


Балазоска обидувајки се повторно да го донесе својот тим во големата четворка за да се игра во завршниот турнир на 2 минути пред крајот при резултат 46:52 за Колибри, противничките кошаркарки наметнаа пресинг игра и по еден прекршок капитенот ја превитка раката , се здоби со сериозна повреда на рамото по што заврши во Градската болница во Скопје.


Балазоска е пуштена на домашно лекување, по враќањето во Охрид веднаш го посети физиотерапаветот Јонче Петан.   –  Едвај можам да ја помрднам левата рака и и неопходно ќе биде да се направи и магнетна резонанца за да се открие сериозноста на повредата – рече во краткиот разговор Балазоска.

После повредата, охриѓанки ослабени не успеаа да ја зачуваат предноста и беа поразени во продолжението од пет минути со 64:58, мечот во регуларнио дел заврши со резултат 54:54.

М.Постоловски