Фудбалерот на Металург, Музафер Ејупи доживеа тешка повреда на подготовките во Охрид. Ејупи во финишот на саботниот тренинг, сам непречен од никого во обидот да стигне една топка лошо згазна по што падна како покосен и остана да лежи на тревата. Веднаш реагираше медицинскиот тим на Металруг по што напаѓачот беше префрлен во охридската Специјална болница за ортопедија и трауматолгија “Св Еразмо”.

На претпладневиот тренинг фудбалерот на Металруг, Музафер Ејупи при едно непланирано движење доживеа повреда на скочниот зглоб на десната нога. Тој доживеа луксација, коските кои го сочинуваат зглобот беа излезени од нивното лежиште, беше веднаш транспортиран до болницата “Св Еразмо” во Охрид, каде се направи рентгенска снимка. По направените снимки востановена е фрактура, скршеница на надворешната коска, фибулата,  мануелно се репонираше, се врати зглобот во неговото лежиште и  ногата е ставена во гипс. За ден два ќе биде отпуштен од болницата – ни рече лекарот на Металруг , Др Зоран Ханџиски

Според зборовите на лекарот, целиот процес на рехабилитацијта на напаѓачаот ќе трае во наредните 4 месеци. По изминати 4-6 недели, ќе бидат направени нови тестови по што поконтретно ќе се знае тајмингот за негово комплетно враќање на терените и играње фудбал.

Секој ваков процес е индивидуален и нема стриктни правила– истакна лекарот на Металруг.

По повредата на Музафер Ејупи и заминувањето на Баже Илијоски , Металург остана тенок во шпицот на нападот, каде уште ги има Костовски и Симоновски. Стручниот штаб кој се уште беше во шок од повредата на младиот напаѓач денови ќе донесе одлука дали за европскиот настап ќе се ангажира нов напаѓач или во Лигата на Европа ќе се оди со постојните сили.

М.Постоловски