Урбаната култура подразбира принципи на однесување и делување. Ако воопшто некој знае што е култура,  а згора на тоа и урбана. Па и од скопско Драчево да е.

Пример за тоа е сквернавењето на повеќе графити во Охрид, меѓу кои и тој на македонскиот ликовен великан и уметник Вангел Наумовски.

Уништувањето на урбани графити било тоа да се навивачки или посветени на големи дејци кои со свои дела ги задолжиле и градот и земјата, како што несомнено е Вангел Наумовски, е потврда на крајна некултура, ама тоа зборува за “авторите”, а срамот е голем, многу голем.

OhridNews