Како што информираат од министерството за внатрешни работи, вчера, во Охрид на Булевар Туристичка, во стан сопственост на 57- охриѓанец, непознат сторител извршил тешка кражба.
Крадецот влегол на влезната врата од станот, извршил пребарување и одзел околу 6.000 евра, околу 2.000 денари, разновиден златен накит и еден рачен часовник, по што го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
OhridNews