Со жрепка во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена денеска е одреден составот на групите во Лигата на шампиони во која за прв пат во клупската историја ќе настапи Еурофарм Пелистер.
Жрепката го смести македонскиот првак во групата А заедно со Киелце, Кил, ПСЖ, ПИК Сегед, Алборг, Колштад и ППД Загреб.
Новата сезона 2023/24 во елитното ракометно европско клупско натпреварување стартува на 13/14 септември.
OhridNews