Кошаркарите на Охрид не успеаја втор пат да му го земат скалпот на лидерот во второлигашката конкуренција Чаир, кој со 64-61 (11-17, 21-13, 12-9, 20-22) славеше во дерби средбата, во СРЦ „Билјанини Извори“.
Двете екипи одиграа маестрален натпревар во кој главен збор имаше одбраната. За победникот одлучуваа два напади. Во завршните мигови од натпреварот гостите поентираа за три поени, а домаќините немаа соодветен одговор и го претрпеа четвртиот пораз сезонава во Втората лига.
„Галебите“ остануваа во горниот дел од табелата, а составот на Чаир со победата во Охрид се зацврсти на врвот.
OhridNews