Одлуката Роза Костоска, вработена во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, да биде предложена за директор на јавната установа Управниот одбор ја донел со тесен резултат во гласањето. Како што дознава OhridNews кандидатурата на Роза Костоска на состанокот во петокот ја поддржале тројца членови на У.О., тројца биле воздржани, а еден глас добила актеулната директорка Марина Петроска Тодороска.

Резултатите од гласањето и одлуката на У.О. за директор на  ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ да ја предложи Роза Костоска му се доставени на градоначалникот, кој во рок од 15 дена треба да се изјасни по предлогот на Управниот одбор. Доколклу не го прифати, Управниот одбор треба повторно да му достави предлог за директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

OhridNews