Охридските ракометари со тесен пораз од Пелистер 27-26 (13-13) во „Билјанини Извори“ ја завршија сезоната во плејофот во Супер лигата.
Поразот во возбудлива и динамична игра нема да остави никакви траги на пласманот на табелата на охридскиот состав на табелата, кој финишираше на третата позиција позади Вардар и Металург.
Охриѓани добро го отворија мечот и имаа предност од два, а на неколку моменти и три погодоци. Гостинските ракометари во финишот ја анулираа предноста и на одмор заминаа со егал 13-13.
До 45-та минута во второто полувреме се играше гол за гол, а „зелено белите“ со серија од 3-0 стигнаа до плус три (21-18). „Гладијаторите“ возвратија со иста мера и изедначија на 21-21.
Гол за гол продолжи и во последните минути. гостите погодија за минимално водств 27-26. Домашните не реализираа и не успеаја да се спасат од пораз.
Во составот на Пелистер со 9 голови се истакна Вујачиќ, а 5 реализираше Бојан Маџовски. Кај охриѓани шест пат прецизен беше Блажески, а пет голови постигна Кобетиќ.
Фото галерија:
OhridNews