Охридските ракометари го претрпеа вториот пораз во плејофот од Супер лигата, откако изгубија во Скопје од Металург со тесни 27-24 (16-11).
Ракометарите на Охрид можат да жалат за поразот, бидејќи во финишот имаа две прилики кои не ги реализираа за комплетно да се вратат во игра за бодовите. Металург со голови ги казни грешки на Охрид во нападот и ја завери победата.
Кај домаќините во листата на стрелци се истакнаа Кузманоски со осум голови и Јагањац со четири. Во тимот на Охрид Димитријески реализираше осум, а Младеновски седум. Томовски на голот од Металург собра 12 интервенции, а ист број на успешни одбрани имаше и охридскиот голман Трајкоски.
Фото: Гол.мк
OhridNews