Македонската кадетска ракометна репрезентација, во средата, загуби од Исланд со 25-26, во вториот натпревар од Групата 1 во која разигруваат за пласман од деветтото до 16-то место на континенталното првенство во ракомет што се одржува Полска.

По победата над Србија, македонските кадети против Исланд одиграа натпревар полн со осцилации, што на крајот резултираше со пораз.

Исланд во еден дел од првото полувреме имаше предност од шест голови, на полувреме Македонија имаше негатива од четири голови (10-14). Во вториот дел по 10 минути игра Исланѓаните ја достигнаа највисоката предност од осум голови (12-20).

Последните 20 минути македонските кадети започнаа да ја топат предноста на противникот, имаа негатива од два гола во 58.минута (23-25), но немаа сили да направат целосен пресврт.

Во досегашниот дел од ЕП во Полска, македонската кадетска репрезентација забележа четири порази (Русија, Шпанија, Данска и Исланд) и една победа (Србија).

„Макфакс“