Еден човек е пронајден обезглавен, додека десетина вработени се ранети во напад на фабрика за плин во Сен Квентин Фалавије, недалеку од Гренобл, источна Франција. Претседателот Франсоа Оланд пред да го напушти Брисел и самитот на Европскиот совет, изјави дека напаѓачот е идентификуван и дека е уапсен.

Овој напад беше извршен со автомобил, управуван од страна на еден поединец, а можеби и во придружба на друг човек, кој влета со голема брзина во фабриката за плин. Нема сомнение дека намерите биле да се создаде експлозија. Нападот е терористички природата. А обезглавеното тело беше пронајдено, со писмена порака. Сведоците велат дека напаѓачот мафтал со знаме од Исламска држава, кое подоцна беше пронајдено наместото на злосторството, односно недалеку од обезглавеното тело. Како што јавуваат франциските медиуми обезгавениот не бил вработен во таа компанија. Главата била пронадена набиена на заштитната ограда и покриена со терористичкото знаме, но полицијата се уште ја нема потврдено оваа вест. Во регионот и во другите индустриски локации се поставени специјални полициски сили за да се спречат евентуални напади.

Фабриката е дел од компанијата Ер продуктс од САД, која се занимава со гасна технологија, а во магацинот има опасни материи како водород и запалливи хемикалии.

Светската јавност денес ја потресе уште еден напад. Најмалку 27 лица загинаа во нападот врз два хотела во тунискиот град Су, каде престојувале главно странски туристи. Инцидентите се случиле откако вооружени лица влегле во хотелите и отвориле оган врз туристите. Според дел од западните медиуми во регионот на нападнатите хотели се слушаат истрели.

Според туниските медиуми, еден од нападнатите хотели е „Империјал Мархаба“. Меѓу загионатите има туристи од Германија и Велика Британија. Туниското МВР соопшти дека меѓу убиените се наоѓа најмалку еден од напаѓачите, а до телото е пронајден автомат „калашников“.

OhridNews

извор Телма