Најмалку 11 луѓе се убиени и 10 ранети во пукање во редакцијата на сатиричниот весник „Charlie Hebdo“, во центарот на Париз, познат по карикатурите на муслиманскиот лидер, соопошти париската полициска префектура. Петмина од ранетите се во критична состојба, соопштуваат локалните власти.
Медиумите пренесуваат дека две маскирани лица, вооружени со автоматски пушки, „калашников“, упаднале околу 11.30 часот во редакцијата на весникот, по што се слушнало пукање. Потоа следувало размена на оган со силите на редот. Вработените во весникот се сокриле на покривот од зградата. Напаѓачите, наводно раниле еден полицаец и успеале да влезат во возило кое ги чекало, за да побегнат, при што прегазиле еден пешак.
Во тек е потера по возилото, коешто, според очевидците се упатило кон северниот дел од градот. Весникот и претходно бил мета на напади по објавувањето на карикатурата на муслиманскиот водач во 2011 година Последно што објавил весникот на социјалната мрежа Твитер била карикатурата на водачот на Исламската држава, Абу Бакр ал – Багдад.
OhridNews
извор Макфакс