Најмалку75 лица се убиени, a над 100 се повредени во терористички напад што синоќа се случи во францускиот град Ница, јавуваат светските агенции. Непознати лица со камион влетале во маса луѓе коишто шетале по познатата Promenade des Anglais,  а според се уште непотврдени информации потоа отвориле оган врз луѓето, пренесува „Макфакс“.

Информацијата за десетици жртви ја потврди и градоначалникот на Ница, Кристијан Естрози.

Сведок за CNN изјавил дека непознато лице со камион влетало во толпата и покосило десетици луѓе, постојано зголемувајчи ја брзината.

Според ноефицијални информации полицијата го убила вооружениот напаѓач, а во камионот била пронајдена поголема количина гранати и оружје, што наведува на организиран терористички чин.

OhridNews