Двајцата наоружани мажи , што влетаа со бело комбе на пешачка патека на централната улица „Рамблас“ во Барселона и покосија десетина луѓе, се забарикадирале во бар во центарот на градот, јавува „Макфакс“. Станува збор за терористички напад кој застрашувачки потсетува на тој во Лондон не толку одамна.

Според информациите на локалните медиуми во нападот се убиени 13 и повредени 25 пешаци, но полицијата засега потврди само еден загинат и 32 ранети. Вооружената престрелка меѓу полицијата и терористите се уште е во тек. Меѓу повредените, според локални извори, има и деца.

Одговорот на полицијата е масивен а граѓаните се повикани да го избегнуваат ова популарно туристичко место. Наедно запрени се сите метро линии, а тие што се нашле во овој реон се засолнуваат во околните згради.

OhridNews
извор: „Макфакс“