Осумгодишниот Мајкл Хикс од Њу Џерси секогаш кога ќе оди на аеродром има големи проблеми и полицијата ги применува сите антитерористички мерки врз него бидејќи ова момче има идентично име и презиме како еден човек кој се наоѓа на црната листа на американските власти. најинтересно е тоа што прв пат детето било претресено кога било само двегодишно бебе, кога со своите родители патувало од Њу Јорк за Флорида.
Оттогаш, па се до ден денес, преживува тортури секогаш кога ќе се најде на аеродром. Неговите родители повеќе пати се обраќале до надлежните служби, бидејќи според законот децата не можат да бидат на листата за барани терористи, но бирократијата во САД е препрека која тешко се совладува. Неговиот татко вели дека не може да поверува дека низ ова ќе мора да поминува целиот свој живот.