Индиската полиција во петокот соопштила дека огромен број термити изеле банкноти од вкупно 10 милиони индиски рупии, кои биле оставени на полиците во банката. Директорот на банката штетата ја открил откако влегол во собата во која биле чувани парите.


Директорот на банката изјавил дека со истрагата ќе откријат како термитите успеале да стигнат до полиците каде што биле оставени парите. Додал дека и претходно имале проблеми со термитите бидејќи го уништувале мебелот и некои важни документи.