Четвртиот првенствен натпревар во Супер лигата охридските ракометари ќе го одиграат в сабота со почеток во 19:30 часот против составот на Радовиш.
Терминот е помесетен за половина час од вообичаениот, но, целта и мотивот кај ракометарите на Охрид не се променети.
Во досегашните три натпревари „гладијаторите“ освоија четири бодови додека ракометарите на Радовиш имаат шест бодови на своето конто.
Мх.П.